2012.04.26 Меморандум за соработка помеѓу ВММК и SEEU
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА, склучен помеѓу:
1. ФАКУЛТЕТОТ ЗА СОВРЕМЕНИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ, при Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и
2. ВИКИМЕДИЈА МАКЕДОНИЈА со седиште на адреса Ул. „Владимир Комаров“ бр. 1А-4/42, Скопје.
ЦЕЛИ
Член 1
(1) Со овој Меморандум се утврдува рамката во која се реализира соработката меѓу потписниците за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете страни насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности во областите од заеднички интерес.
ПОЛЕ НА СОРАБОТКА
Член 2
(1) Меѓусебната соработка на потписниците ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, а посебно внимание ќе се даде на следните полиња на соработка:
- 1. Работа на развојно-истражувачки проекти, реализирани преку:
- а) соработка на експертски и професионални тимови определени од потписниците;
- б) изработка на магистерски и докторски трудови од страна на постдипломци на факултетот, а во функција на проекти од интерес на потписниците;
- 2. Работа на апликативни проекти, со посебен акцент на:
- а) дефинирање на проектни задачи;
- б) изработка на проекти на барање на едниот од потписниците;
- в) ревизија на проекти изработени од трети субјекти;
- 3. Консултативни активности и експертски услуги;
- 4. Едукативни активности, реализирани преку:
- а) континуирано образование на инженерско-техничкиот кадар;
- б) Учество на наставниот кадар на факултетот во различни семинари, курсеви и работилници во функција на дообучување на вработените на вториот потписник;
- в) Заедничко учество на семинари и работилници организирани на ниво на потписниците и/или проширено ниво со останати субјекти во и вон Република Македонија чиј делокруг на работа е од интерес за потписниците;
- г) Учество на вработените на вториот потписник во држење на клиничка настава во рамките на различни предмети кои се предаваат на факултетот;
- д) Изработка на дипломски работи на студенти од факултетот во соработка со вториот потписник и користење на: човечките, просторните и материјалните ресурси на вториот потписник за таа цел, така што при изборот на теми ќе се води сметка да биде од интерес за вториот потписник;
- ѓ) Остварување посети на студенти на факултетот на вториот потписник во функција на нивните студии со посебен акцент на остварување на практична настава;
- 5. Материјална и стручно-професионална поддршка од едниот потписник при инвестициски активности иницирани од другиот потписник на Меморандумот;
- 6. Обезбедување студентска пракса за студентите-стипендисти, како и останати студенти запишани на студиски програми од интерес на вториот потписник;
- 7. Наградување на студенти запишани на студиски програми од интерес на вториот потписник кои покажале натпросечни резултати во студирањето или постигнале забележителни иновациски резултати во делокругот на работа на вториот потписник;
- 8. Взаемно информирање за настани од интерес на потписниците (предавања, семинари, одбрана на магистерски и докторски трудови од делокругот на факултетот, а организирани од страна на потписниците);
- 9. Размена на информации за членување во домашни и меѓународни професионални здруженија, учество, координација и заеднички настап во работата на истите;
- 10. Активности насочени кон одбележувањето на разни прослави, годишнини, јубилеи и сл.
(2) Потписниците на Меморандумот ќе изготват заеднички процедури и други акти во врска со реализацијата на взаемната соработка.
КООРДИНАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА
Чен 3
(1) Потписниците на Меморандумот најмалку еднаш на три месеци, а по потреба и почесто ќе расправаат по прашања поврзани со остварување на целите на Меморандумот како и за другите дополнителни акти што ќе произлезат од истиот.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 4
(1) Овој Меморандум влегува во сила со денот на потпишувањето. За конкретна реализација на одредбите од Меморандумот по потреба се изработуваат дополнителни договори и други правни акти.
(2) Меморандумот е потпишан од страна на Деканот на Факултетот за современи науки и технологии од една страна и Претседателот на „Викимедија Македонија“ од друга страна.
(3) Меморандумот е изготвен во 2 еднакви примероци, од кои по еден примерок за секој потписник.
- Во Тетово,
- 26 април 2012 година
- ФАКУЛТЕТ ЗА СОВРЕМЕНИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ
- _______________________
- Доцент д-р Беким Фетаји
- ДЕКАН
- ВИКИМЕДИЈА МАКЕДОНИЈА
- ________________________
- Г-дин Димче Грозданоски
- ПРЕТСЕДАТЕЛ