2012.01.27. Finance meeting во Париз
Од 17 до 19 февруари 2012 година во Париз, Франција ќе се одржи средба на локалните ограноци посветена на финансиите. Средбата е спонзорирана од Викимедија Франција. Целта на средбата е да се соберат сите организации на едно место и заеднички да разговараат за финансиските прашања на вики движењето. Во изминатиот период се дискутираше за финансиите, прибирањето на средства, дисеминацијата на средствата и сл. (Види: Fundraising Discussion, Fundraising and Funds Dissemination и Fundraising and Funds Dissemination/Recommendations.
Организаторот планира да пречека околу 60 претставници на локалните ограници и Викимедија фондацијата.
Викимедија Македонија ќе учествува со свои претставници на состанокот.