Сл. весник / РМ / 2007 / 29 - Закон за здруженија на граѓани и фондации (изменување и дополнување)

во сила 2010.04.16 #52 Закон за здруженија на граѓани и фондации
вон сила 1998.07.02 #31 Закон за здруженија на граѓани и фондации
вон сила СРМ 1983.xx.xx #32 Закон за општествени организации и здруженија на граѓани
вон сила СФРЈ 1990.xx.xx #42 Законот за здружувањето на граѓаните во здруженија, општествени организации и политички организации што се основаат за територијата на СФРЈ


  • ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИТЕ
  • Сл. Весник на Р. Македонија бр.29/07, од 9.03.2007 година

Член 1

Во Законот за здруженијата на граѓани и фондациите ("Службен весник на Република Македонија" број 31/98), во членот 12 став 3 по алинејата 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: "- транспарентноста на работењето во изминатиот период;". Алинеите 4 и 5 стануваат алинеи 5 и 6.

Член 2

Во членот 20 алинеја 3 зборот "оптоварување" се заменува со зборот "отповикување".

Член З

Во членот 31 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:

"Вработените во стручните тела и служби од ставот 1 на овој член, не можат да бидат избрани за членови на извршните органи на здружението на граѓани и фондациите."

Ставот 2 станува став 3.

Член 4

Во членот 43 став 1 зборовите: "регистар што го води основниот суд" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар".

Ставовите 2 и 3 се бришат.

Член 5

Во членот 44 ставот 1 се менува и гласи:

"Здруженијата на граѓани и фондациите се должни во рок од 30 дена од денот на донесувањето на актот за основање да поднесат пријава за упис во регистарот на Централниот регистар".

Член 6

Во членот 45 став 1 зборовите:

"Основниот суд е должен во рок од 30 дена" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар е должен во рок од 5 дена ".

Член 7

Во членот 46 алинеите 4 и 5 се менуваат и гласат: - “име и презиме на лицето овластено за застапување и - седиште и адреса".

Член 8

Во членот 47 ставот 1 се менува и гласи:

"Ако Централниот регистар утврди дека пријавата за упис во регистарот не е во согласност со членот 44 од овој закон ќе му укаже за тоа на подносителот на барањето и ќе определи рок од 30 дена во кој е должен да постапи по укажувањето".

Во ставот 2 зборовите: "основниот суд" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар".

Ставот 3 се брише.

Член 9

Членот 48 се менува и гласи:

"Против решението за одбивање на барањето за упис во Централниот регистар, основачот на здружението на граѓани и фондацијата имаат право на жалба до Комисијата за жалби утврдена со Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица во рок од 15 дена од приемот на решението".

Член 10

Членот 49 се менува и гласи:

"Здруженијата на граѓани и фондации кои извршиле измени и дополнувања на актот за основање или статутот во однос на податоците за промена на името, седиштето, адресата, други статусни промени, како и промена на активноста се должни во рок од 30 дена од денот на извршените промени да поднесат барање до Централниот регистар за запишување на промените.

Постапката за спроведување на дејствијата од ставот 1 на овој член се спроведува согласно одредбите на овој закон за запишување на здруженијата на граѓани и фондациите во Централниот регистар".

Член 11

Членот 50 се брише.

Член 12

Членот 51 се менува и гласи:

"Централниот регистар води Единствен регистар на регистрираните здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија кој го објавува на својата веб страница".

Член 13

Во членот 52 став 2 зборовите: "основниот суд" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар".

Ставот 3 се менува и гласи:

"Врз основа на известувањето од ставот 2 од овој член Централниот регистар донесува решение за бришење на здружението на граѓани од Централниот регистар".

По ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи:

"Врз основа на решението од ставот 3 на овој член, во случаи во кои не можат да се исполнат условите утврдени со статутот за начинот на користење и поделба на имотот на здружението, заинтересираното лице поведува постапка пред надлежниот суд за начинот на кој ќе се подели и ќе се користи имотот на здружението".

Член 14

Во членот 54 став 2 зборовите: "основниот суд" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар".

Ставот 3 се менува и гласи:

"Врз основа на известувањето на ставот 2 на овој член Централниот регистар донесува решение за бришење на фондацијата од Централниот регистар".

По ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи:

"Врз основа на решението од ставот 3 на овој член, во случаи во кои не можат да се исполнат условите утврдени со статутот за начинот на користење и поделба на имотот на здружението, заинтересираното лице поведува постапка пред надлежниот суд за начинот на кој ќе се подели и ќе се користи имотот на фондацијата".

Член 15

Во членот 56 ставот 2 се менува и гласи:

"Јавниот обвинител и секое заинтересирано лице може да поднесе иницијатива за престанок на здружението на граѓани и фондацијата ако основано се сомнева дека здружението на граѓани и фондацијата остваруваат активности од ставот 1 на овој член".

Член 16

Во членот 58 ставот 1 се менува и гласи:

"Постапката пред надлежниот суд во случаите од членот 56 на овој закон се покренува по предлог на надлежниот јавен обвинител и заинтересирано лице".

Член 17

Во членот 59 ставот 5 се брише.

Член 18

Членот 60 се менува и гласи:

"Решението за престанок на здружението на граѓани и фондацијата надлежниот суд е должен да го достави до Централниот регистар, врз основа на кое Централниот регистар донесува решение за бришење на здружението на граѓани и фондацијата од Централниот регистар.

Решението за бришење на здружението на граѓани и фондацијата, Централниот регистар го објавува на својата веб страница".

Член 19

Во членот 70 зборовите: "основниот суд" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар".

Член 20

Во членот 72 став 3 зборот "регистарот" се заменува со зборовите: "Централниот регистар".

Член 21

Во насловот на Главата VIII зборот "КАЗНЕНИ" се заменува со зборот "ПРЕКРШОЧНИ".

Член 22

Во членот 73 став 1 зборовите:

"Со парична казна од 100.000 до 200.000 денари ќе се казни за прекршок" се заменуваат со зборовите: "Глоба во износ од 1.6ОО до 3.500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на".

Во ставот 2 зборовите: "мерка на безбедност забрана на вршење на дејноста" се заменуваат со зборовите: "привремена забрана за вршење на дејноста".

Член 23

Во членот 74 во став 1 зборовите:

"Со парична казна од 20.000 до 80.000 денари ќе се казни за прекршок" се заменуваат со зборовите: "Глоба во износ од 350 до 1.500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на", а во алинеите 2 и 3 зборовите: "основниот суд" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар".

Член 24

Во членот 75 зборовите:

"Со парична казна од 10.000 до 25,000 денари ќе се казни за прекршок" се заменуваат со зборовите: "Глоба во износ од 150 до 400 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на", а зборовите: "основниот суд" се заменуваат со зборовите: "Централниот регистар".

Член 25

Постапките за регистрација на здруженија на граѓани и фондациите започнати пред судот согласно со Законот за здруженија на граѓани и фондациите (“Службен весник на Република Македонија“ број 31/98) со денот на влегување во сила на овој закон, завршуваат согласно овој закон.

Член 26

За начинот, постапката и рокот за преземање на предметите од страна на Централниот регистар од судот надлежен за водење на Единствениот регистар на регистрирани здруженија на граѓани и фондации во Републиката, министерот за правда донесува Правилник во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон.

Член 27

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен весник на Република Македонија“.