Регистрација на Викимедија Македонија во ЦРМ
Викимедија Македонија е регистрирана како правно лице во Централниот регистар на Република Македонија на 1 февруари 2010 година. Со тоа здружението на граѓани Викимедија Македонија и официјално постои како правен субјект и може да учествува во правниот промет со други лица.