Разговор:Програмски план за 2013
Сите забелешки кон текстот на „Програмскиот план“ добро би било прво да се дискутираат на оваа страница за разговор а потоа да се прават измените, освен доколку не се работи за едноставни интерпункциски, синтаксни и граматички исправки на текстот. Учеството на сите заинтересирани во расправата е добродојдено.
Паралелно со дискусијата на оваа страница за разговор може да се водат дебати и на поштенските листи.
Секој коментар е добредојден. --Brest (разговор) 01:42, 18 октомври 2012 (CEST)
Редовно одржување на Вики-Средби
уредиПредлагам да се воспостави редовен термин за Вики-Средби. Еднаш неделно е премногу, но еднаш месечно не е. Пр. секој последен четврток во месецот, и однапред да се постави листата на средби. Исто така, и местото да се фиксира, за сите да знаат каде да дојдат, и без да проверат онлајн. Извештаите од средбите немора да бидат долги ни наративни, само треба да ги содржат битните работи кои се дискутирале.
Пред овие средби може да се одржуваат и состаноци на Викимедија, доколку има потреба. Фиксен интервал би бил два пати годишно.
Нормално, по потреба може да се организираат дополнителни средби, но имањето на некаков континуитет би требало да помогне.
Ова е мое мислење, но нажалост јас не сум меродавен бидејќи не би можел да присуствувам на 90% од овие средби. --Misos (разговор) 14:15, 5 ноември 2012 (CET)
- Со редовни термини се обидовме летово во Хаклаб КИКА, но веројатно поради летните одмори тоа не стана пракса. Тогаш беше договорено секој вторник да има вики средба, и по таа инерција продолжуваме да ги закажуваме средбите. Мислам дека нема проблем да бидат редовни секоја седмица, и не би требало да биде голем проблем ако некоја седмица не се одржи средба, но сепак мора да има некаква си најава и потсетување дека се планира средба, тоа би важело повеќе не за оние редовните туку за потенцијално новите партиципиенти.--Brest (разговор) 19:16, 6 ноември 2012 (CET)
- Од листата на Вики-Средби, серија од средби еднаш неделно имало само еднаш - 17-24-31 јули. Следната е по еден месец, па 2 месеци има пауза. Затоа мислам дека месечните или дво-неделните средби треба да бидат задолжителни, а на самите средби може да се договори уште некоја измеѓу. Мене ми изгледа покоректно да се одржат 12 задолжителни средби + 12 по иницијатива, меѓу нив, отколку од 52 закажани средби да се одржат 20. Во секој случај, се согласувам дека соодветно закажување и најавување, барем неколку дена претходно е пожелно. Тој процес може и да се направи автоматски. --Misos (разговор) 22:45, 6 ноември 2012 (CET)
- Што се однесува до извештаите од средбите, мислам дека би требало да има некакви извештаи, кои во кратки црти би ги отсликувале разговорите водени на средбата, а не до толку детални како што до сега биле. Доколку средбите се одржуваат во простории каде има можност за пристап до интернет би предложил да се отвори етерпад страница на која би можело некој да учествува и он-лине со свои предлози, па после содржината на етерпад страницата да се префрли на вики страницата за средбата, со цел трајно да се архивираат. Ако средбата се одржува во некој јавен објект (кафиќ) каде има интеренет, пожелно би било учесниците да користат твитер (треба да смислиме хаштаг, пример #wmkmeetup) за бележење на интересни моменти од средбите.--Brest (разговор) 19:16, 6 ноември 2012 (CET)
- Ми се допаѓаат и двете идеа. Хаклабот ми се чини како добра опција за одржување на средби бидејќи има интернет конекција, а претпоставувам и компјутери за работа. Активирање „од далечина“ е одлична идеја. --Misos (разговор) 22:45, 6 ноември 2012 (CET)
Развој на организацијата
уредиВо ситуација кога има 12 членови на Викимедија Македонија, не гледам потреба од отварање на регионални ограноци. Би одел на варијантата на Викимедија Фондацијата - правење на силно јадро на кое може да се членува од било кој регион, па по треба и иницијатива на членовите, отварање на огранок. --Misos (разговор) 14:18, 5 ноември 2012 (CET)
- Да, нема смисла со 12 члена да се отвораат регионални ограноци и стручни одбори за ВММК, но со зголемувањето на членството природно ќе се јави потреба од регионални ограноци. Значи се сложувам дека прво треба да се зголеми членството во ВММК па после доколку има иницијативи да се оди на формирање на регионални ограноци или стручни одбори.--Brest (разговор) 19:21, 6 ноември 2012 (CET)
- Во ред, на иста страница сме. Токму затоа мислам дека ова може да се олабави во текстот - „доколку се појави иницијатива на членови од други градови во Македонија, Викимедија Македонија активно би го помогнала формирањето на регионални ограноци“. Патем, треба да се размислува како огранок „Викимедија Македонија - Скопје“? --Misos (разговор) 22:47, 6 ноември 2012 (CET)