Претседател на Викимедија Македонија

Претседателот на Викимедија Македонија ги има следниве права и должности:

1. Ја застапува и претставува Викимедија Македонија пред трети лица;
2. Извршува и други репрезентативни функции кои му ги доверува Собранието и Извршниот одбор;
3. Претседателот на Викимедија Македонија е истовремено и Претседател на Собранието.
4. Ги потпишува актите коишто ги донесува Собранието, согласно позитивните законски прописи и Статутот.

Претседателот го претставува и застапува Здружението во правниот промет и има права и должности на финансиски налогодавец.

Еден потпретседател овластен од Собранието во отсуство на Претседателот ја застапува Викимедија Македонија и ги потпишува сите финансиски документи во име на Здружението.

Избор од 2009

уреди

Димче Грозданоски, согласно чл. 4 од Одлуката за избор на членови на органите на Здружението „Викимедија Македонија“ од 7 декември 2009, избран е за Претседател на Викимедија Македонија.