Извршен одбор на Викимедија Македонија
(Пренасочено од Извршниот одбор)
Извршниот одбор на Викимедија Македонија е раководен и оперативен орган.
Основни одредби
уреди- Извршниот одбор се состои од најмалку пет, а најмногу единаесет члена.
- Членовите на Извршниот одбор ги бира Собранието.
- Членовите на Извршниот одбор помеѓу себе бираат Претседател на Извршниот одбор.
- Извршниот одбор може да го свика секој член на Извршниот одбор.
- Извршниот одбор одлуките ги донесува со одредена пропорција на присутните членови дефинирани во Деловникот за работа на Извршниот одбор, а најмалку со мнозинство на гласови од присутните членови и се во согласност со Деловникот за работа.
- Мандатот на членовите на Извршниот одбор е две години.
Надлежности
уредиИзвршниот одбор ги извршува следните работи:
- 1. Ги извршува одлуките и другите општи акти на Собранието;
- 2. Утврдува предлози за Статут, програма за работа, финансиски план и завршна сметка;
- 3. Подготвува предлози на општи акти и одлуки на Собранието;
- 4. Донесува извршни одлуки за проекти кои не се опфатени со годишната програма за работа;
- 5. Основа постојани и привремени работни групи;
- 6. Извршува и други работи кои му ги доверува Собранието или кои со други прописи му се ставени во негова надлежност.
Претседател на ИО
уреди- Претседателот на Извршниот одбор раководи со работата на Извршниот одбор.
- Мандатот на Претседателот на Извршниот одбор е две години.
Извршен одбор
уредиНа Собранието на Здружението „Викимедија Македонија“ одржано на 17 септември 2013 година, за членови на Извршен одбор избрани се:
Стари членови на ИО
уредиНа Собранието на Здружението „Викимедија Македонија“ одржано на 05 јуни 2013 година, за членови на Извршниот одбор избрани се:
Согласно чл. 6 од Одлуката за избор на членови на органите на Здружението „Викимедија Македонија“ од 7 декември 2009, за членови на Извршниот одбор избрани се:
Одлуки на Извршниот одбор
уреди- 26 август 2013 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Слободан Јаќоски, Кирил Симеоновски, Игор Кузмановски, Милош Столиќ, Снежана Штрковска, ја донесе одлуката за додавање на двајца нови потписници на сметката на Викимедија Македонија
- 15 јули 2013 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Слободан Јаќоски, Кирил Симеоновски, Игор Кузмановски, Милош Столиќ, Снежана Штрковска, со четири гласа `ЗА` и еден глас `ПРОТИВ` ја донесе одлуката за аплицирање во фондацијата Викимедија заради спроведување на манифестацијата „Вики ги сака спомениците“ 2013
- 11 јули 2013 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Слободан Јаќоски, Кирил Симеоновски, Игор Кузмановски, Милош Столиќ, Снежана Штрковска, едногласно ја донесе одлуката за учество во Академијата за одржливост
- 09 јули 2013 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Слободан Јаќоски, Кирил Симеоновски, Игор Кузмановски, Милош Столиќ, Снежана Штрковска, едногласно ја донесе одлуката за учество на манифестацијата Бели ноќи 2013
_ _ _ _ _
- 2013.01.26 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Димче Грозданоски, Слободан Јаќоски и Кирил Симеоновски, ја разгледа поднесената пристапница за членство во ВММК и едногласно донесе Одлука за прием во Викимедија Македонија на Тони Ристовски од Скопје како редовни членови. Одлуката е донесена со изјаснување преку е-пошта.
- 2013.01.08 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Димче Грозданоски, Слободан Јаќоски и Кирил Симеоновски, ги разгледа поднесените пристапници за членство во ВММК и едногласно донесе Одлука за прием во Викимедија Македонија на Аце Миноски и Игор Димов од Скопје и Цветанка Ристова од Гевгелија, како редовни членови. Одлуката е донесена со изјаснување преку е-пошта.
- 2012.11.08 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Димче Грозданоски, Слободан Јаќоски и Кирил Симеоновски, едногласно донесе Одлука за започнување на формална постапка за барање за користење на просториите во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) согласност со условите кои ги нуди НВО Центарот на Град Скопје. Одлуката е донесена со изјаснување преку е-пошта на поштенската листа wikimedia-mk[at]lists.wikimedia.org на 7 и 8 ноември 2012 година.
- 2010.10.20 Разгледани и прифатени пристапниците за членство на Снежана Штрковска, Зоран Мечкарски и Бојан Јанкулоски