Доколку сте заинтересирани со доброволна работа да помогнете на Викимедија Македонија, како прв чекор ви предлагаме да зе приклучите на нашата поштенска листа и/или да се претплатите на на нашиот билтен. Може исто така да станете член или да нè подржите финансиски.

Имаме неколку активности за кои ни е потребна помош:

  • Википедија на вашиот факултет, проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија на факултетите. Доколку сте професор на некој од факултетите кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте не, би сакале да ги споделиме искуствата. Викимедија Македонија веќе има остварено соработка со повеќе факултети.
  • Википедија во вашето училиште, проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија во училиштата. Доколку сте наставник кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте не, би сакале да ги споделиме искуствата.

Можете исто така:

  • Доколку сте добар говорник - имаме различни можности за оние кои сакаат да говорат за своите искуства со проектите на Викимедија на нашите неформални состаноци или пак на настани каде ја презентираме нашата организација.
  • Вклучете се во дизајнирање и одржување на нашиот Билтен.
  • Помогнете околу одржувањето и развојот на страниците на оваа веб-страна.

Исто така ние сме заинтересирани за создавање на партнерски однос со музеите, библиотеките и други слични организации низ Македонија. Би ви биле екстремно благодарни доколку ни овозможите контакт со некој музеј или библиотека кои би ни овозможиле достапност до нивните книжни фондови, фотографии и други материјали, посебно за работи кои може да се користат под слободна лиценца. Ве молиме информирајте нè за овие работи и за вашите обиди за контакт со претставници на музеи и библиотеки, па макар тие контакти биле и безуспешни.

Архива уреди